Во Крушево свечено беше отворена 13-тата по ред Извидничка смотра на која учествуваат над 800 извидници од 16 држави. Извидниците тука ќе се дружат, забавуваат, ќе спортуваат, ќе се запознаат со историјата на Македонија и Крушево и ќе ги надоградуваат извидничките техники и вештини.
„Едно заедништво што е секогаш тука за тебе, дружба која што ќе ти се погоди и љубов која секогаш ќе ја имаш“, вели учесничка на извидничката смотра од Македонија.
„Јас сум извидник бидејќи е забавно, запознаваш многу луѓе, се зближуваш со природата“, рече друга учесничка на извидничката смотра од Франција.
„Ја сакам природата, авантурите, да се надоградувам себеси и затоа сум извидник“, кажа друг учесник на извидничката смотра од Словачка.
Ова е најголемиот национален настан од меѓународен карактер кој го организира Сојузот на извидници на Македонија.
„Мотото на Сојузот на извидници на Македонија веќе неколку години е „Создаваме побар свет“, а некој за создаде подобар свет треба прво до се создаде самиот како подобра личност, а потоа се доаѓа само природно по себе“, изјави Лазар Апостолов, претседател на 13-та Македонска извидничка смотра.
Гглавен покровител на настанот е Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.
„Користејќи ги извидничките знаења, вештини и искуства, вие промовирате активизам и здрав живот кај младите. Вашите програми помагаат за интелектуален, психички, социјален и емотивен развој кај луѓето на млада возраст“, потенцираше Стево Пендаровски, Претседател на Македонија.
Од Општина Крушево истакнаа дека ова е само еден од бројните настани за развој на алтернативниот туризам кои оваа година се одржуваат во овој град и привлекуваат посетители од целиот свет.
„Постојано работиме во насока активниот, особено алтернативниот туризам. Крушево е примамлива и посакувана светска дестинација. Оваа година бележиме раст од 78% повеќе за разлика од лани, особено на странски туристи и полсетители, но и домашните секако над 40%“, рече Томе Христоски, градоначалник на Крушево.
Извидничката смотра ќе во наредните 10 дена.