Општина Крушево и Министерството за култура ќе го поддржат здружението „Илинденски марш“

Здружението „Илинденски марш“ кое традиционално го организира коњаничкиот марш од Лисиче до Крушево оваа година ќе биде поддржано од страна на Општина Крушево и Министерството за култура.

„Во пресрет на Илинденските чествувања и одбележувањето на 120 годишнината од Илинденското востание и првата Република на Балканот, заедно со Министерство за култура потпишавме договор со кој сме согласни да го поддржиме здружението „Илинденски марш“ на коњаницата кое традиционално секоја година тргнува од Лисиче до Крушево и за кои оваа година слават 45 годишнина. Истите се пропратен и неминовен дел од манифестацијата НКС 10 дена Крушевска Република.

Заедно да го одбележиме најголемиот празник на Републиката!!!“, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи