Граѓаните да не наседнуваат на лаги, полицијата ја гарантира безбедноста на граѓаните, информираат од СВР Битола во врска со информациите кои се шират на социјалните мрежи во врска со можното киднапирање на деца во Прилеп.
„Во врска со лагите кои од страна на неодговорни поединци се шират по социјалните мрежи за наводни киднапирања во Прилеп, СВР Битола ја известува јавноста дека станува збор за класично ширење на невистини со цел да се вознемират граѓаните. Нема никакво киднапирање ниту во Прилеп ниту било каде во државата. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите лаги. Полицијата ја гарантира безбедноста на сите граѓани. Против лицата што шират лаги со цел да предизвикаат паника, во координација со обвинителството, ќе бидат преземени соодветни мерки”, велат од СВР Битола.
256