На 06.08.2023 во ОВР Прилеп било пријавено дека на место викано „Маркова Чешма“ во Прилеп, во дворно место од викенд куќа сопственост на Т.П.(44) од Прилеп бил опожарен неговиот мотоцикл „хамачи“ со прилепски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од сопственикот, а повредени лица нема.
Во текот на вчерашниот ден во ОВР Прилеп, А.С.(18) од Прилеп пријавил дека на ул.„Трајко Николоски“ во Прилеп бил физички нападнат од Д.Ј. и Н.Ј., двајцата од Прилеп.
Исто така, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Д.Ј.(23), Н.Ј.(20), М. К.(20), Л.М.(20), К.Р.(19), М.М.(19), К.И.(19), А.С.(18) и двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години, сите од Прилеп, затоа што на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
Се преземаат мерки за расчистување на случаевите и по нивно целосно документирање ќе бидат поднесени сооодветни пријави.