The Hounds оваа среда со роденденски концерт во срцето на Прилеп ќе прослават 15 години од формирањето на бендот.
„Стотици настапи зад нас, милиони насмеани лица, два издадени албуми, илјадници рефрени, изградивме кариера со тоа што сакаме да го работиме и ништо од тоа немаше да е возможно без вас, наша верна публико. Затоа на 16ти Август, секогаш во среда, во срцето на прилепската чаршија, наспроти клуб Калинка, ќе пробаме да ви се оддолжиме за сето ова што ни го овозможивте низ сите овие години. Ви ветуваме многу музика, одличен звук и светло, публика од цела Македонија, најубавата гужва ќе е во Прилеп“, велат од бендот.
Традиционално на роденденскиот концерт се придужуваат и други артисти кои со своите настапи само го збогатуваат и така одличниот впечаток.
Оваа година тираж од вториот албум “Самосвест” ќе се продава по паушална цена на роденденскиот концерт (кој колку сака) и сите средства ќе бидат донирани на нашиот сограѓанин Трајче Илиовски на кого моментално сме најпотребни.