Сè уште активен пожарот во долненско кој вчера го гасеа 3 авиони на ДЗС

Центарот за управување со кризи информира дека вчерашниот пожар во долненско сè уште е активен, а утрово настана нов пожар во кривопаланечкото село Кркља.

Територијалната противпожарна единица Прилеп од вчера во 15:45 часот интервенира на пожар на запалена сува трева и нискостеблеста деградирана шума во атарот на с.Дебреште и с.Кошино, општина Долнени.

Во гаснењето на пожарот интервенирано е со 4 пожарникари со едно противпожарно возило, 5 лица од ЈП Национални шуми и 10 жители на селото. Поради брзото ширење на пожарот интервенирано е и со 3 авиони на ДЗС кои направиле по 2 прелети. Зафатена е површина од околу 20 ха. и пожарот е сè уште активен.

Во гаснењето на пожарот во селото Кркља интервенираат тројца пожарникари со едно противпожарно возило, а од 8 часот упатена е уште една екипа со четири лица со теренско возило од „Осогово“, подружница на „Национални шуми“.

Во ЦУК во последното деноноќие имало пријави за 22 пожари врз коишто се интервенирало на отворен простор, а со денешниот вкупно се 23 пожари.

Изгаснати пожари има и во Сарај, Бутел и Аеродром, како и во Прилеп, Демир Хисар, Охрид, Македонски Брод.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи