Уште еден четврток исполнет со слушање на добра музика на камената бина на плоштадот Александрија во Прилеп. Lockdown ќе ве пречекаат и ќе ве забавуваат се до 00.00 часот со “Tribute“ на легендарните и незаборавни Бјело Дугме.
Lockdown е бенд основан во 2020. Поставата е менувана многу пати, а за оваа сега се вели дека е најдобра: Нена Тодороска на микрофон, Кирил Младеноски на гитара, Михаил Грашкоски на тапани и Димитар Јованоски на клавијатури. Млади, надежни, талентирани, препознатливи по своите акустични свирки на ex-yu музика, каде можете го слушнете и Здравко Чолиќ, ама и Прљаво Казалиште, Зана итн.
Некои овие хитови ќе ги вратат во младоста, а на некои ќе им бидат одлична можност за да ги слушнат во живо. Добар репертоар, пред се разновиден, кој ќе ве потсети на поголемиот дел на ex-yu хитови, од сите безвременски бендови, а ќе ви прелета и по некој англиски хит.