Во Небрегово се одржа шаховски турнир во чест на Блаже Конески – првиот претседател на Шаховскиот сојуз

По повод 75 години од првиот претседател на Сојузот на шах во Македонија и 30 години од смртта на Блаже Конески, денес во организација на НУ Завод и музеј Прилеп, шаховскиот клуб Прилеп и КЕЦ Небрегово, во Спомен домот на Блаже Конески во Небрегово се одржа турнир во шах „Блаже Конески, прв претседател на Шаховскиот сопјуз на Македонија“.

„Со ова се дава силна порака и иницијатива до УО на Шаховскиот сојуз на Македонија да се организира и одржува традиционален шаховски турнир во Прилеп, секоја година на 19 август“, велат од НУ Завод и музеј Прилеп.

Учесници на турнирот беа членови на шаховските клубови од Прилеп и Битола. Турнирот го отворија и поздравија директорот на НУ Завод и музеј Прилеп, Горан Цветкоски, секретарот на КЕЦ Небрегово, Атанас Конески и претседателот на прилепскиот клуб, Тони Кироски.

Лилјана Неделкоска ги запозна гостите со значењето на Блаже Конески и со експонатите во Спомен домот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи