ВИДЕО – Крушево ќе добие ново алтернативно полетувалиште и нови придружни содржини за потребите на пилотите


Крушево наскоро ќе добие ново алтернативно полетувалиште за параглајдери и змејари согласно барањата и воздупловните стандарди на овие спортови. Ќе се реконструира и патот од бензинската пумка на излезот од Крушево до Мечкин Камен, а ова место ќе добие и нови содржини за потребите на пилотите кои тука доаѓаат од целиот свет. Само ова лето, до овој момент, Крушево го имаат посетено над 2.500 пилоти од голем број држави.

„Во моментов работиме на инфраструктура, односно комплетна проектна документација за ново полетиште, алтернативно полетиште, затоа што овие меѓународни натпревари бараат самостојност во извршувањето на нивните задачи и нивните натпреварувања. Со тоа самите професионалци бараат одделен простор за полетување, но и оние кои доаѓаат аматерски треба да дојдат и достојно да полетуваат од друго алтернативно полетувалиште. Во иднина ние како локална самоуправа сме должни да изградиме достојна инфраструктура и се она што е потребно и значи логистика за одржување на овие натпревари. Како пристапен пат до самото полетувалиште Мечкин Камен, во тек е јавната набавка за самата проектна документација која претходно ја изработивме. Ќе го имплементираме оваа година проектот, но и копмплетна урбана опрема, тоалети и се она што е придружна содржина за нормално одвивање на самите настани“, изјави Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

 За тоа дека Општината прави максимални напори за развој на овие спортови, кои се на еден начин и моторот на туристичката индустрија во овој град признаваат и од Светската параглајдинг федерација.

 „Целата инвестиција во стартот, особено паркингот, целата таа организација, позитивната атмосфера во Крушево, залагањето на градоначалниот и целата таа екипа, приемот кој што го имаме кај нив, ова не е политичка пропаганда, јас не живеам во Македонија и немам бенефит од тоа, сето ова е нешто што во секој случај треба да биде респектирано, поддржано и ако некој е против тоа работи против Крушево и против иднината на овој спорт во Македонија. Навистина приемот во Крушево за нас како организатори, како претставници на Светската федерација, е многу благопријатен и ние уживаме во тоа“,вели Горан Димишкоски, претседател на Светска параглајдинг асоцијација и организаторт на настанот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи