Таа декларација за Илинденското востание е толку бедно напишана, што е навреда прво за македонскиот народ и македонската држава, и во принцип кога поднесувате таква декларација, треба да ја дадете на сите пратенички групи па и тие да дадат свои сугестии, рече денеска во Прилеп, Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ има своја декларација поднесено во рамките на Парламентот за Гоце Делчев, се сеќавате од страна на владата на СДСМ и ДУИ беше одбиена, а за оваа декларација имаме многу забелешки, имаме многу додатоци кои што доколку бидеме прашани од страна на поднесувачите ќе бидат доставени. Но ова е навреда за Илинденците, навреда за Илинденското востание и генерално навреда за граѓаните во Македонија кои преку тоа Илинденско востание започнале сериозно да ја создаваат својата држава“, додаде Мицкоски.