ВИДЕО – Сточарите: Доколку се случи млечна криза со зголемување на цените на млечните производи таа ќе биде вештачка


Доколку се случи млечна криза со зголемување на цените на млечните производи таа ќе биде вештачка. Цените на млекото, сирењето и кашкавалот засега се добри, а секое нивно зголемување нема да биде оправдано. Ова е ставот на поголемиот дел од производителите на млечни производи кои денеска присуствуваа со свои штандови на настанот „Млеко“ кој во организација на Slow Food се одржа во Прилеп.

Се слуша дека 30% некаде ќе ги зголемувале цените на млечните производи, јас мислам дека не е во ред, и така е скапо, доволно се високи цените, не мора да се зголемува. Можеме да издржиме и со вакви цени“, вели Љупчо Бабаноски, производител на млечни производи.

За да во иднина се спречат млечните кризи и зависноста од странско млеко производителите излезот го гледаат во производство на домашна храна за стоката, а не увозна и увоз на работна рака затоа што немало повеќе кој да работи со сточарство.

Зависноста можеме да ја тргнеме ако се вложува во нашето производство, а не да се прави увоз на храна. Имаме површини доста, а немаме големо производство“, рече Даниел Мирчески, производител на млечни производи.

 

Единствен спас е увоз на работна сила, бидејќи повеќе од Албанија нема работна сила, не идат. Конкретно луѓе што ќе работат во трло и во штала“, додаде Игор Попоски, производител на млечни производи.

Организаторите на настанот велат дека токму ваквите манифестации придонесуваат купувачите да имаат поблизок контакт со малите производители од каде може да купат поевтини и поквалитетни производи.

Да ги купуваат нивните производи, бидејќи секако квалитетот се разликува, а самите потрошувачи очи во очи се сретнуваат со производителите и знаат токму за какво потекло на производот станува збор“, изјави Филип Димкоски, Slow food Prilep.

 

И токму поради тоа нашата организација работи со малите производители и ги поддржува на локално ниво, да можат да работат и тоа што го прават да продолжат да го прават“, истакна Елена Каровска Гошевска, Slow Food Macedonia.

Освен млечни на саемот во Прилеп имаше изложено и други производи како разни масла, домашмни сапуни, кори, мед, месо и месни производи, џемови, мармалади, чаеви, ајвари и друго.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи