ВИДЕО – Јовчески: Во Прилеп досега асфалтирани 40.000 м2 улици, Канатларци наскоро ќе добие нов водовод


Продолжуваме со темпото на асфалтирање и рехабилитација на улици, тоа што го започнавме пред неколку месеци, веќе сме достигнати до 40.000 метри квадратни асфалтирани и рехабилитирани улици. Овој втор реон кој моментално го гледаме го зафаќа и просторот каде е лоциран домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ и тоа е од огромно значење бидејќи досега со години овде имаше само дупки и оштетени позиции, неасфалтирани делови кои навистина во кратко време успеавме да ги рехабилитираме, рече Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

„На половина сме од проектот, каде со програма имавме околу 80.000 метри квадратни и со тоа докажуваме дека динамиката на работа навистина е на најбрзо ниво. Второ нешто  што денеска во Прилеп вреди да се пофалиме, тоа е воведот во работа од пред неколку денови на новиот водовод во населено место Канатларци, каде во должина од 2.100 метри имаме нов довод на вода и реконструкција и обнова на старите бунари, како и изградба на нов бунар со пумпни станици. Со тоа капацитетот на водоснабдување, конечно после долги години ќе биде на задоволително ниво, со некаде околу 9 литри во секунда, за разлика од сегашните едвај 4 литри, што навистина на тоа населено место им беа недоволни, посебно во летните денови. Местоположбата на Канатларци е таму каде што е, тоа навистина е едно сиромашно место со вода, а и поголемиот прираст на население, кој од година во година се зголемува, сега е околу 1.200 жители и тоа е за поздравување во секој случај, бидејќи наталитетот и тоа како ни значи во нашата општина.

Јас воедно би сакал и да им го честитам вчерашниот прв ден на првачињата, но и почетокот на школската година на сите ученици и нешто кое можеме со гордост да го потенцираме, тоа е дека локалната самоуправа одвои од буџетот сума со која за 664 дечиња е обезбеден оброк со здрава храна и со тоа го подобруваме и квалитетот на живеење и условите каде новите првачиња влегуваат во за нив нова средина.

Воедно ги поканувам сите граѓани како од Прилеп, така и од другите градови во Македонија, во Прилеп имаме одлична манифестација, тоа е Фестивалот на пивото каде во огромен број синоќа, а и денеска и утре го продолжуваме со добра скара, ладно пиво, музика и добро расположение“, кажа Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи