Бехтел и Енка со саеми за вработување во Прилеп, Битола и Тетово


По првиот настан во Гостивар, конзорциумот „Бехтел и Енка“ од денеска бара работници за изградба на четирите автопатски делници од Коридорите 8 и 10д во Битола, во Тетово и во Прилеп. Саемите за вработување ќе траат до 18 септември.

„Во периодот од 16,30 до 20,00 часот секој ден, сите заинтересирани за работа во Бехтел и Енка ќе можат да се запознаат со широките можности за вработување коишто ги нуди конзорциумот за време на изградбата на коридорските автопатски делници во нашата земја во следните речиси пет години“, информира Јавното претпријатие за државни патишта.

Локациите на Саемите се во самите центри на градовите, на плоштадите и секој заинтересиран може да види дали има работа согласно неговите професионални вештини.

„Во согласност со Специјалниот Закон кој го потпиша ЈПДП во име на Владата, обврска на конзорциумот е 51% од работната сила да бидат домашни граѓани“, додава ЈПДП.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи