ВИДЕО – Дијабетичарите: 9 месеци сме без ленти и глукомери, државата ни ги крши правата загарантирани со Уставот


Понижувачки и неподносливо е тоа што државата не лажи цели 9 месеци и не ги обезбедува потребните медицински помагала за лицата со дијабетес. Ни се кршат основните човекови права. Со овој став, крајно револтирани, денеска излегоа прилепските дијабетичари, претежно млади луѓе, кои се чувствуваат отфрлени од државата. Во 9 месеци има дале само по едно кутиче ленти за мерење на шеќерот.

Со нив не можеме да издржиме ни минимално, најмалку 5 дена издржуваме, такви во месецот ни се потребни минимум 5, бидејќи секојдневно се боцкаме по околу 8 пати и го мериме шеќерот. Досега си даваме од свој џеб, си купуваме и за тоа ни се потребни околу 50 евра само за ленти“, вели Лорета Николоска, здружение „Сина Револуција“.

 

Кој има да купи, кој нема се позајмуваме меѓусебе преку  Здружението, кој има се позајмува па потоа ги враќаш“, додаде Душко Колароски, здружение „Сина Револуција“.

Лицата со дијабетес потренцираат и дека имаат се уште проблем и со набавката на сензори за регулација на шеќерот во крвта, кои се особено важни за дијабетичарите со Тип 1 и за малите деца. На еден дојабетичар му се потребни 2 до 3 вакви сензори месечно, а 1 чини околу 70 евра.

Се спречува паѓање на шеќерот, високо качување на шеќерот, затоа што тие ситуации можат да бидат и животозагрозувачки. Секоја активност, сѐ што правиме ни е отежнато, без сензорите мора постојано да мериме шеќер, да пешачиме, да сакаме да јадиме нешто дополнително, при обична настинка, постојано ни е животот отежнат без тие сензори“, истакна Михаела Ширкоска, здружение „Сина Револуција“.

Дијабетичарите се заканија и со тужба до државата за кршење правото за здравствена заштита загарантирано со Уставот.

Сите здруженија и сите дијабетичари во Македонија колективно ќе треба да ја тужат државата за надминување на проблемот во овие 9 месеци во кои не добиваме ленти, а со тоа ни се прекршени сите човекови права“, изјави Менде Цветкоски, здружение „Сина Револуција“.

Сојузот на дијабетичари денеска електронски поднесе преставка и до Народниот правобранител, а во понеделник тоа ќе го сторат и писмено. Велат дека претходната тендерска набавка на медицински помагала за нив била со важност до 31.12.2022 година, а следната требало да биде распишана два месеци однапред, но до тоа не дошло. Се доцнело со распишувањето се до месец април, но и до ден денес дијабетичарите се оставени без неопходните глукомери и ленти.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи