В Недела на 24 септември во Крушево ќе биде осветен Манастирот Свето Преображение Господово, познат како Манастирот што го градеше Тоше Проевски. Крушевско-демирхисарскиот Митрополит г. Јован донел одлука за негово осветување, откако целосно е завршена изграбата, што траеше долги години.
Чинот на осветување ќе го изврши Архиепископот г.г. Стефан во сослужение на повеќе архиереи на МПЦ-ОА. Манастирскиот комплекс ќе го носи името на Тоше Проевски.
„Манастирскиот храм во Манастирот Свето Преображение Господово во Крушево, со Божјата помош и благодат, после долги години на градба ја достигна состојбата да биде осветен. Најзаслужно име за подигањето на целиот манастирски комплекс е името на покојниот Тоше Проески. Осветувањето на манастирската црква благоволи да го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан на 24 септември оваа година, во сослужение на повеќе Архиереи на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија“, стои во соопштението од Крушевско-демирхисарската митрополија.