Со цел да се овозможи селекција на електричен и електронски отпад , акумулатори и батерии, „Комуналец“, во соработка со Локалната самоупрва, поставија 12 специјализирани контејнери за овој вид на отпад. Контејнерите беа поставени на 14 август на 12 пункта, а за еден месец поголемиот дел од нив веќе се оштетени, односно присилно се отворани долните лежишта, велат од ЈКП „Комуналец“ во Прилеп.
„Во контејнерите пак, има секеков вид на отпад, освен електричен и електронски отпад, батерии и акумулатори. Она што наумиле дека е корисно е украдено, иако овој вид на отпад воопшто нема корисни компоненти. Оставени се само некорисните тонери, кои подлежат пак на постапка со уништување. Се исфрла дури и тетрапак, најлони, пет амбалажа и др. Она што ќе создаде поголема штета, е што истите отпадни апарати ќе бидат исфрлани на дивите депонии“, потенцираат од „Комуналец“.
Месецов е планирано поставување на уште 12 контејнери од овој тип, но по последните случувања најверојатно ќе се почека со оваа аакција, со цел да се направи анализа, но и поправка на постојните.