„Копнежот на светлината“ – изложба од Душан Коцев во петок во Цепенков

„Копнежот на светлината“ е изложбата на слики од Душан Коцев што ќе биде отворена на 29.09.2023, во петок од 19 часот во ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков“.

Со  изложбата Душан преку своите уметнички дела ја преточува својата визија во реалност.

„Во најдлабоките мракови на душата копнееме за светлина. Со надеж нашите очи се вперени кон светлината. Копнежот не води кон спасение“, вели авторот.

Темата кон која со многу луцидност и творечка енергија се навраќа авторот уметник низ повеќе од 20-ината уметнички слики изработени во акрилна техника на платно, на најсублициран начин ни ја прикажуваат вечната борба меѓу доброто и злото, а во преносно значење, меѓу светлината и темнината.

„Авторот целосно свесен за секојдневието во кое и денес човештвото вегетира, со многу опасности и контаминации, наспроти жртвата на Бога земскиот живот да биде вековит и во благосостојба,  испраќа порака дела светлината треба да биде нашиот единствен пат по кој чекориме, ако сакаме да стигнеме по посакуваната цел“, вели професор Славчо Атанасов.

Радовишанецот Душан Коцев годинава остварува 30 години активно творештво. Досега реализирал четири самостојни изложби, учесник е на повеќе од 35 групни изложби во земјата и во странство. Осум години е организатор на меѓународната Радовишка ликовна колонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи