ВИДЕО – О. Прилеп бара забрзување на работите на ул.„Леце Котевски“, граѓаните се жалат дека 10 месеци е предолг период


Општина Прилеп бара забрзување на изградбата на работите на улицата Леце Котевски или влезот во градот кога се доаѓа од општините Кривогаштани и Крушево. Ова е единствен пат за оваа дестинација и нема друга алтернативна патна инфраструктура. Инвеститор е Министерството за транспорт и врски, а патот се прави се пари од Светска банка. Проблемот е што изградбата според граѓаните се одвива премногу бавно. За рехабилитација на само 2,1 км. според проектот е предвидено работите да траат цели 10 месеци. Односно рехабитацијаат започна на 1 јули и треба да трае до 30 април. Од Општината велат дека се што било во нејзин домен направиле, сега се останувало на Транспорт и врски.

Ставот на сите е дека движењето и транзитот на оваа улица се веќе неподносливо отежнати, дека трпат големи штети и по бизнисите и по своите возила и дека ваквиот хаос временски се провлекува веќе неколку месеци. Токму затоа е и оваа реакција упатена до Министерството, кон изведувачот и кон надзорот, упатуваме апел да се води грижа за динамиката на работата на самата улица и етапно да се обезбедуваат поволни услови за движење на граѓаните и на возилата“, вели Борче Јовчески, градоначалник на Општина Прилеп.

Станува збор за индустриска зона каде се наоѓаат голем број стопански капацитети кои имаат штети поради бавната рехабилитација на улицата.

Толку месеци, толку време, 2-3 месеци буквално не може да влеземе со возило внатре. Ни опадна и работата, не влегуваат ни луѓе, не иде никој. Ги искршивме и возилата, не може да влезе шлепер, не може да истоварам ниту јас, ниту моите комшии сите тука. Повеќе негативно не знам што би можел да кажам, сѐ е негативно… и утре ќе дојдат да побараат данок да платиме, а човек не влегува внатре“, истакна Реџеп Изаироски, стопанственик.

 

Мора овде да влезат камиони да донесат роба, да влезат муштерии и да си земат роба. Сето е запрено, имаме проблем, бараат други места за дојдат од други улици, има голем проблем, намалена е многу продажбата“, вели Елиза Атанасоска, стопанственик.

 

Да се спасиме побрзо, да се забрза, друго што да ви кажам, на сите ни смета и на комшиите и на нас. Функционираме, ама функцонираме отежнато, застани и снимај ги шлеперите, тоа е тоа“, додаде Антонио Кулушиќ. стопанственик.

Од Министертсвото за транспорт и врски само кусо одговорија дека работите се одвивале  согласно динамичкиот план и до сега имало 35% физичка реализација. Се очекува комплетно завршување на градежните работи во договорениот рок од 10 месеци. Сите проблеми кои се јавувале ги решавале тековно со Општина Прилеп и Јавните претпријатија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи