ЛАГ АГРО ЛИДЕР организира саем на земјоделски производи кај Градскиот Саат во Прилеп во сабота

По повод одбележувањето на 15ти Октомври – Меѓународниот ден на жената од рурална средина, Здружението за рурален развој ЛАГ АГРО ЛИДЕР од Кривогаштани во сабота кај Градскиот Саат во Прилеп организира Саем на земјоделски производи. 

Над 20 локални производители од Прилеп, Кривогаштани, Долнени, Крушево, Поречието и други региони ќе ги промовираат органските производи, слатка и џемови, мед и медни производи, ајвари и макала.

Со свои производи ќе се претстават и учениците од СОУ „Орде Чопела“, односно на нивниот штанд ќе може да се вкусат препознатливите кифлички, погачи, лепчиња, медењаци и други производи произведени во училишната пекара.

Своја културно уметничка програма ќе презентираат и КУД Мирче Ацев од Прилеп, додека за музичкиот дел ќе се погрижат од бендот Библиотека.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи