Прилепските пензионери денеска повторно на протести. Ја блокраа раскрсницата „Чумовчани“. Велат дека нема да отстапат од нивните барања по никоја цена. Неможеле повеќе да живеат со толку мали пензии.
„Душата ни ја испразнија. И омаловажени и повредени и понижени. Веќе сме празни. Вистински, не само во џебовите, во душата сме празни“, вели една пензионерка.
„Месеци еве само протестираме по улици одиме, стари луѓе, кој со штаки, кој не може да излезат. Луѓево се разболени сите. Немаштијата го донесе ова. Нема ниту за лечење, нема ниту за купување. Овој народ кој е овде, има луѓе кои одат по кантите бараат. Срамота е ова. Си ги наполнија тие џебовите и сега ќе одат кампањи ќе не бараат. Ние не можеме да живееме со една мала пензија, нема услови ниту струја да се плати, ниту дрва да се купат, ниту ништо“, кажа друга пензионерка.
„Дома што седат сите наши колеги пензионери ги повикувам да излезат затоа што ако седат дома никој нема да ни ја заврши работа. да излезат да го решиме проблемот, ако седат дома ништо нема да се реши“, кажа трет пензинер.