Денес на пресконференција одржана од Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници, беше презентирана Одлуката за доделување на награди и признанија по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп.
Наградата за животно дело, по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп, се доделува на:
- Академик д-р Валентин Мирчески- особен придонес во природно-математички и биотехнички науки
- Примариус специјалист д-р Благоја Дамески- особен придонес во медицината и опшественото живеење
- Диме Попоски- особен придонес во музиката, режијата и филмот
Награди -плакети по повод „3-ти Ноември“ -Денот на ослободувањето на Прилеп се доделуваат на:
- The Hounds – петнаесетгодишен развој на субкултурата во Македонија
- GENTHERM – опшествено одговорна компанија
- Младинска екипа на ФК Победа – афирмација на спортот во Европа
- Територијална противпожарна единица Прилеп – натчовечки напори за зашитита на населението и околината
- Технобен Нова Прилеп – развивање на современи треднови во индустријата
- Слаткарница ,,Шар”- 60 години јубилеј
- ПЗУ Медика Д-р Пецко Десоски Прилеп – хуманитарно работење во својата дејност
- Група верни пријатели на манастирот Трескавец – помагање и одржување на духовната врска
- Пчеларско здружение ,,Братство” – 70 години јубилеј
Награди -дипломи по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп, им се доделуваат на:
- Петар Мирчески – бронзен медал на хемиска олимпијада
- Наде Караџоска – истражувачка дејност во сите области на библиотекарството
- Теодора Димеска – женски репрезентативец на Македонија во џудо
- Татјана Иваноска – посветено работење со млади уметници
- Хари Сековски – хуманитарец од дијаспората
- Еплизабета Настеска – совесно работење во службата