Во четврток на 26 октомври, од 19.30 часот во Кафе галеријата Лувр во Прилеп, ќе биде претставен поетскиот перформанс „Љубење со стихови“ од прилепските автори Лина Димоска и Филип Димкоски.
Станува збор за настан на кој ќе биде престатавена најновата поезија создадена од Димоска и од Димкоски, но и поезија од други македонски автори од повеќе генерации како Гане Тодоровски, Блаже Конески, Глигор Поповски, Игор Костески и Мартин Јованоски.
„На поетот му е тешко да зборува за поезијата исто како што на растението му е тешко да зборува за градинарството. Затоа, на 26 октомври, нема да говориме за поезијата, туку ќе говориме поезија. Поезија од Лина, поезија од Филип, поезија од македонски современи поети. Дојдете, меѓусебно да си го нахраниме духот“, велат организаторите.