Викендов во Прилеп ќе се одржи велосипедскиот настан „Педалирање со шампионите“ во организација на велосипедскиот клуб „Илинден“ од Прилеп.
Станува збор за отворен настан каде секој што се чувствува спремен да ја извози турата од 55 километри може да учествува, а истата ќе биде предводена од членовите на велосипедскиот клуб „Илинден“ кои што оваа година освоија голем број награди на голем број натпревари, како во државава, така и во странство. Истиот ќе биде поддржан од велосипедските здруженија и неформални групи од градот.
За сите кои што се чувствуваат физички спремни да им парираат на шампионите, ќе има и брз сектор каде што ќе може да ја искусат тежината на дел од еден шампионски тренинг.
Стартот на турата е во недела во 11 часот од пред Камена бина, а повеќе за настанот може да дознаете на следниот ЛИНК.