Се наоѓаме на Паркот на Револуцијата, а во непосредна близина имаме дел од проектот рехабилитација на улиците во нашиот град, конкретно на влезот во Прилеп од Битола, каде активности максимално и со една забрзана динамика ќе продолжат овие денови, рече Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.
„Ова е само половина од тој проект, од оние улици кои веќе 30-40 години не беа чепнати, сепак ние успеавме овие 12 километри да ги рехабилитираме и со истото темпо продолжуваме понатаму. Ова е само дел од сите активности и ветуваме дека со нашите идни проекти, веќе со завршетокот на оваа градежна сезона и почетокот на идната година ќе ги реализираме сите замислени проекти“, додаде Јовчески.