Новороденче од Прилеп почина од сепса на Детската клиника во Скопје


Прилепчанката Лиле Петровиќ, преку ФБ статус на својот профил обвини дека нејзиното бебе починало на Клиниката за детски болести во Скопје од сепса која, според неа, ја добило во општата болница во Прилеп, откаде било препратена во Скопје на 3-от ден откако се родило.  Петровиќ телефонски ни изјави дека поради целата ситуација не е во состојба да зборува пред камера, но дека стои зад секој збор кој го напишала на Фејсбук. Таа вели дека бебето било третирано во Прилеп од „Бебешка жолтица“ и дека кога се подготвувала да си оди дома медицинскиот персонал и кажал дека треба да остане на уште една фототерапија за да не се враќа повторно во болницата. Но утрината ситуацијата на бебето му се влошува и тоа е итно препратено во Скопје.

„Вечерта детето ми беше донесено само половина час и го зедоја. Што се случуваше таа вечер ќе остане секогаш мистерија. Што правеле сестрите кои биле оставени без доктор во цел оддел. Во 5:30 наутро дошла докторката која кога видела што се случува со бебето почнала да му вика што направиле со него. Му направила уште една крвна слика која сега ми кажува дека “ БЕШЕ СУПЕР”и дека немало никакви знаци на инфекција. Во меѓувреме доаѓа кај мене исплашена и исто така ме прашува што се случува со бебето која немам врска што му правеле предходно, растревожена не и одговорив ништо на што се надоврза дека не е ништо страшно и дека ќе биде пратено Скопје поради жолтицата и дека таму имале подобри апарати. И поверував и на тоа и слегов во ходникот, ги чекав да го донесат бебето и да одиме во амбулантското комбе додека тие заминаа преку друг излез за да ме избегнат и да не го видам детето. Кога отидов го видов детето со кислородна маска за дишење“, пишува Петровиќ.

По 7 дневна хоспитализација на Клиниката за детски болести бебето починува.

Дента на хоспитализирање ми кажаа дека е инфекција, а по два дена испитувања дека детето фатило тешка сепса и дека како такво било донесено од Прилепската Болница. Детето ми го лечеа во Скопската Клиника една недела но за жал не успеа да ја надмине болеста која му беше наследена од болничката НЕгрижа“, додава во својот статус Петровиќ.

Од прилепската болница велат дека поради анамнестички податок за инфекција  со Mycoplasma кај мајката и вагинална инфекција, земена била крвна слика и истата била со уреден наод.

На 29 октомври земен билирубин и поставено на фототерапија. Ноќта, однсоно утрото  на 30 октомври во 04 часот, поради одбивање на новороденчето да цица и потешкотии со дишењето, од страна на медицинската сестра е  повикан дежурен лекар.  Земена е крв за анализи, поставена е инфузиона, двојна антибиотска терапија. Повикан е приправен лекар и во консултација со  лекар од КДБ Скопје новороденчето во 07 часот наутро  е испратено во КДБ Скопје на оддел за ИНТ за понатамошно доиследување и терапија“, велат од општата болница Прилеп.

Од детската клиника за СИТЕЛ велат дека новороденчето било донесено во тешка состојба, на кислородна поддршка. За кратко настапило дополнително влошување, продолжило да дише со помош на респитарот, а во меѓувреме кај бебето откажале и бубрезите. По седум дена од приемот детето починало. Од клиниката велат дека сите анализи кои биле направени во текот на лекувањето укажувале на рана сепса, добиена во текот на породувањето.

„Значи сите параметри што се добиени биохемиски, лабораториски и клиничката слика оддат во прилог на рана неонатална сепса, кога симптомите се јавуваат рано, во 3 до 4 ден, тоа е рана неонатална сепса која вообичаено детето инфекцијата ја добива од мајката при пораѓај“; вели Стојка Фуштиќ, директор на Клиника за детски болести Скопје.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи