По повод 50 годишнината од смртта на македонскиот Модиљани – доајенот Никола Мартиновски и 55 години од отворањето на Галеријата на Мартиновски во Крушево, ова установа за прв издаде детален каталог кој комплетно ги обработува 61-то ремек дело кои се сместени тука. Автор е историчар на уметност, Борис Маркоски, а Галеријата ги содржи делата на Мартиновски од неговиот почеток на творење се до 1968 години кога таа е отворена.
„Значи ние имавме каталози во кои се наведени списочно кои се делата. Но како се, зошто се, во кои периоди од неговиот живот тие се твореле, која ер причината за нивното творење итн… сите тие поделби ги немавме. И конечно сум среќен што и таа работа се направи и сега имаме потполна слика за оваа наша изложба“, кажа Борис Маркоски, автор на каталогот, историчар на уметност.
„Прв пат посериозно и посодржајно е изработен каталог за изложените предмети во Галеријата на Мартиновски, кои што ги сублимира, ги категоризира и пред се ги документира неговите дела, што е една од најголемите и најбогати збирки во нашата држава“, истакна Зоран Богески, промотор на каталогот и историчар.
На отварањето беше потенцирано добро би било да се донесат и дела од 1968 па се до неговата смрт во 1973-та година, кои во моментов се наоѓале во разни институции и приватни колекции.
„Tака што во една наредба обработка ако ние ги таргетираме кои се тие дела кои ние би можеле да го дибиеме, затоа што тоа не е едноставно дека ги има некаде па некој ќе ни ги даде. Неговите дела котираат многу високо на пазарот, имаат многу висока цена така што тоа ќе е еден тежок процес во кој и самото Министерство ќе треба да оддели една убава сума на пари со кои ние тоа ќе можеме да го оствариме“, додаде авторот на каталогот, Борис Маркоски.
Каталогот е двојазичен, со македонски и англиски јазик.
„Проектот е поддржан од Министерство за култура, дел од средствата се од Министертсвото, дел се финансирани од самата институција. Оваа Галерија е една од најпосетуваните во нашата држава. Овој каталог ќе придонесе за популаризација на самата Галерија“, вели Тома Тана, директор на Историски музеј Крушево.
Каталогот во моментов е во лимитирано издание со мал тираж наменет пред се за стручната јавност, се очекува идната година државата да одвои средства и за негово второ издание, достапно за комерцијална употреба од што корист ќе има Историскиот музеј Крушево.