Конзорциумот „Бектел и Енка“ во огласот за работници на коридорите што треба да ги гради бара работници со познавање на т.н „северномакедонски јазик“.
Институт за демократија, човекови права и дигнитет – Скопје јавно побара одговор од македонската влада и од фирмата „Бехтел и Енка“ зошто на огласот за вработување за работното место „Водач за односи со јавноста“ се бара кандидат со „северномакедонски мајчин јазик“, а не македонски јазик, како што тој официјално се нарекува согласно закон?
„Зошто во албанската верзија македонскиот јазик е наведен како „мајчин јазик на Република Северна Македонија“ и зошто во огласот за вработување од „Бехтел и Енка“, македонската верзија е последна, по англиската и албанската?
Огласот за вработување е спротивен на одредбите од Законот за употреба на јазиците, ги дискриминира Македонците и треба веднаш да биде отстранет или корегиран“, бара здружението.