Во Македонија немаме закон за заштита од пожари, во голем број ТППЕ во општините недостасува кадар, но и тој што го има потребно и да добие соодветни обуки за тоа како да дејствува во различни ситуации, опремата е застарена како личната на пожарникарите, така и онаа која ја користат за гаснење. Ова беа дел од работите кои беа потенцирани на 10-от стручен собир на пожарникари, кој се одржа Прилеп, а на кој учествуваа претставници и од Србија, Хрватска, БиХ и Словенија.
„Преку овие собири се овозмножуваат можности за студиски размени и посети во сите држави, да може да се погледне нивниот систем на функционирање во делот на едукација на кадрри, центрите за обука, самите противпожарни единици во кои што се сместени, како ја чуваат опремата, каков вид на опрема имаат“, вели М-р Зоран Нешкоски, дипл. инж. за заштита од пожари и експлозии.
Од ТППЕ Прилеп, како домаќини, потенцираа дека им недостасуваат и луѓе и опрема, со оглед на тоа што ја покриваат најголемата територија во Македонија, Општините Прилеп и Долнени. Само оваа година имале над 750 пожари.
„Возилата се стари не недостасуваат неколиу теренски возила кои би биле поефикасни и попрофесионални за на терен. Станува збор за возила кои би делувале на самото место на пожарто, бидејќи сега сме изложени да одиме пешки да правиме појаси за да можиме да спречиме поголеми катастрофи. Најстарото возило е од 1976 година, скоро 50 години. Недостасуваат 20 луѓе според закон за пожарникарство на 1.500 луѓе по 1 пожарникар“, додаде Христијан Момироски, командир на ТППЕ Прилеп.
Голем проблем е тоа што скоро сите држави имаат и пожарникари доброволци, нешто што кај нас треба допрва да се развива.
„Словенија има околу 1.500 професионални пожарникари, и над 45.000 доброволци. Ако пожарите се мали ги гаснат професионалците, но еве пример сега кога беа поплавите учествуваа 35.000 доброволци“,Примо Штраус, пожарникар од Словенија.
„Доброволците ни се на некој начин како пожарникарски друштва од каде, бидејќи нема школи за пожарникари, ние на некој начин ги регрутираме за професионалците“, рече Неџат Смаиловиќ, пожарникар од БиХ.
„Тука ќе разговараме и за работи кои се случија оваа година, како елементарни непогоди, a кои не биле карактеристични за минатото и не се својствени за нас. Да видиме како треба да се реагира, што да се промени, да се земат подобри идеи и решенија“, кажа Игор Сиќ, пожарникар од Србија.
„Ние во Опатија имаме стручен собир на кој што доѓаат колегите од Македонија, ние доаѓаме кај вас и она што е важно е размената на искуствата и со што секојдневно се соочуваме“, вели Младен Шчулац, пожарникар од Хрватска.
Овој стручен собир ќе трае 2 дена, пожарникарите утре ќе бидат во Крушево.