„Неоматеријални изрази“ – групна изложба на тема интеракција помеѓу материјалностите

Откријте ја новата неоматеријалност преку изложбата „Неоматеријални изрази“ – интеракција помеѓу материјалностите пренесена преку делата на група автори.

Изложба на Богдан Грабулоски Бонач, Виолета Блажеска, Софија Грабулоска, Јасмина Руневска, Дарко Талески,  Мирјана Тромпеска и Методија Јорданоски.  (18.11.2023 – од 18 до 20.00 ч.)

Авторите на изложбата прават спој на материјалноста и новата постдигитална материјалност наречена неоматеријалност, израз донесен од Кристиане Паул во 2015 год. Концептот на нематеријалност е предложен од Паул за да се опише објективноста која што вклучува мрежни дигитални технологии кои ги вградуваат, обработуваат и ги рефлектираат податоците на луѓето и околината , или ја откриваат сопствената кодирана материјалност и начинот на кој дигиталните процеси го гледаат нашиот свет. Неоматеријалноста го опишува вградувањето на дигиталното во објектите, сликите и структурите со кои се среќаваме секојдневно и начинот на кој се разбираме себеси во однос на нив.

Неоматеријализацијата т.е циклусот на материјализација – дигитализација – рематеријализација во изложените делата е пренесено преку интеракцијата на матејалноста и неоматеријалноста на делата креирани во традицилни ликовни техники и нивно поставување во интеракција со дигитални (уреди) интерпретации.

На изложбата се претставаени цртежи кои што се изработени со традиционални ликовни техники и истите се надоградени со дигитална интервенцијата. Во овој процес е вклучен компјутерски инженер Мирјана Тромпеска која што ликовните дела, цртежи, ги декодира т.е користејќи компјутерска програма го издвојува позадинскиот код на секоја дигитална слика oд претходно создадените цртежи. Овие кодови се поставени во интеракција со материјализираните цртежи креирајќи уметничка интервенција во просторот.

Целта на изложбата е да ни ја пренесе новата реалност во која што живееме и како истата има влијание врз уметничката практика во постдигиталното време, но истовремено да го покаже влијанието на дигиталните уреди на нашата перцепција за себеси гледани преку дигиталните уреди.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи