Бугарската министерка Габриел: Уставните измени не се единствениот услов за Македонија

Facebook
Twitter
Email
Print

Уставните измени се само дел од она што треба да го исполни Македонија за да стане членка на ЕУ, тука се и двата Протокола и Договорот за добрососедство кои исто така треба да се исполнат, истакна денес бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Марија Габриел.

„Бугарија нема билатерален проблем со Република Северна Македонија. Бугарија, во име на заедничкиот европски интерес, и кажува на Северна Македонија што значи да се биде членка на Европската Унија. Имаме три меѓусебно поврзани инструменти и многу јасен став на Националното собрание. Условите кон нашата соседна земја не се само уставни измени, туку и почитување на Договорот за пријателство и добрососедство и двата Протоколи“, рече Габриел на состанок на собраниската Комисија за надворешна политика, прашана за европскиот пат на Северна Македонија.

Таа исто така посочи дека иако се направени две технички средби во Софија и Скопје сепак нема напредок по темите кои треба да се решат и дека нивните позиции се многу јасни, а тоа го знаат сите во Европската Унија. Според неа тоа е обврска која ние како држава сме ја презеле и која треба да исполниме.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи