Превентивни активности на СВР Битола во Крушево

Полициски службеници од ОВР Крушево при СВР Битола, денеска во средното општинско училиште „Наум Наумовски Борче“ во Крушево реализираа едукативна активност посветена на темите насилството и сајбер булинг. Во интеракција со учениците од различните класови од прва до четврта година оваа работилница имаше за цел превенирање на врсничкото насилство и благовремено забележување на ризиците и избегнувањето на истите, како и запознавање со законската регулатива што ги санкционира овие појави.

Исто така на подрачјето на Крушево и крушевско ,полициските службеници од ОВР Крушево остварија средби со угостителите на подрачјето на кои им укажуваа за доследно почитување на јавниот ред и мир и почитување на законите пред претстојните Новогодишни и Божиќни празници.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи