Само 600 евра добија од Владата прилепските основни училишта од програмата за изградба и реконструкција


Владата на Македонија како дел од програмата за изградба и реконструкција на основните училишта за 2024 година одобрила 4 милиони евра за сите основни училишта ширум државата. Четирите основни училишта од Прилеп кои конкурирале добиле вкупно околу 600 евра или по околу 150 евра за училиште. Дел од училиштата денеска реагираа за оваа според нив срамна одлука.

„ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп конкурираше со готови, спремни изработени проекти во висина од 200.000 евра. Во службен весник денес на нашето училиште беа одобрени 150 евра или во превод на сите основни училишта од Прилеп што конкурираа од колачот на 4 милиони евра сите заедно вкупно добија околу 600 евра. Благодарност до нив, благодарност на Комисијата за распределување од нас и голема благодарност од учениците и родителите на сите ученици што учат во основните училишта во Прилеп“, реагираат од ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп.

По слична сума добиле и средните училишта од Прилеп кои конкурирале со свои проекти.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи