Почина Реган, херојот од Карпалак

На 73-годишна возраст почина Ацо Јованоски – Реган, човекот кој со својот херојски подвид спаси голем број животи кај Карпалак.

Јованоски беше возач на автобус на кобниот 08. август 2001. година кога албанските екстремисти од заседа во месноста Карпалак, извршија кукавички чин и го гранатираа воениот конвој на АРМ, при што загинаа 10 припадници од резервниот состав на армијата, сите од Прилеп.

Иако автобусот кој го возел бил во пламен, Реган успеал да го извлече од местото на нападот и така да ги спаси бранители кои биле во него.

Јованоски беше присутен на сите одбележувања на годишнина од немилиот настан, залагајќи се да се изгради соодветно спомен обележје, притоа постојано барајќи ги вистината и правдата за крвавиот масакар кај Карпалак.

Инаку, оваа година ќе се одбележат 23 години од случувањата на Карапалак, во кои животот го загубија: Нане Наумоски (48) ─ од Прилеп, Сашо Китаноски (39) ─ од Прилеп, Бранко Секулоски (42) ─ од Прилеп, Горан Миноски (29) ─ од Прилеп, Марко Деспотоски (27) ─ од прилепско Новоселани, Ердован Шабаноски (20) ─ од Прилеп, Љубе Грујоски (31) ─ од прилепско Пашино Рувци, Дарко Велјаноски (27) ─ од прилепско Ропотово, Веби Рушитоски (26) ─ од Прилеп, Пеце Секулоски (29) ─ од прилепско Бело Поле.

Вечна слава на хероите! Вечна слава на РЕГАН!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи