Во организација на Општина Прилеп и Прилепската чаршија, се подготвува третиот по ред „OUTLET Weekend“ во Прилеп кој ќе се одржи од 14ти до 17ти февруари и го носи името Valentine Outlet Weekend, поради празникот Свети Валентајн.
Прилепските дуќанџии и угостители на своите излози ќе имаат постер со заштитното лого од настанот, за купувачите да знаат каде можат да пазарат во овие четири дена со попуст. Настанот во своите две претходни изданија предизвика навистина голем интерес, особено кај купувачите од регионот: Битола, Крушево, Долнени Кривогаштани, Новаци, Могила, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Кавадарци, но и пошироко од Македонија, бидејќи Прилеп покажа дека знае да понуди шопинг забава.
И овој пат попусти како што очекуваме и како што велат прилепските трговци, ќе има до 50%!
Попустите и пропратната забавна програма сигурни сме дека ќе создадат една убава атмосфера која ќе предизвика позитивно искуство кај сите купувачи што ќе го посетат Прилеп во овие 4 дена. На самиот ден Валентајн на неколку пунктови низ градот ќе се нуди греано вино и ракија, а во останатите денови посетителите ќе ги анимираат реномирани DJ и куклени аниматори. Интересни содржини и пакет-услуги со попуст за време на одржувањето на овој настан ќе понудат рестораните и кафетериите што ќе претставува посебно уживање за сите оние кои што ќе дојдат на шопинг во Прилеп од 14ти до 17ти февруари.
Локалната самоуправа на Општина Прилеп останува верен партнер на прилепската чаршија, која што надалеку е позната по својата ексклузивност, квалитет и трговски шарм.
За сите информации и случувања од настанот љубителите на шопингот и посетителите на „Valentine Outlet Weekend“ ќе можат да се информираат доколку ја следат фејсбук фан страната од Општина Прилеп и Инстаграм профилот кој што е креиран за овој настан.