Бојмацалиев: МВР има капацитет да спроведе мирни претседателски и парламентарни избори

Facebook
Twitter
Email
Print

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев потенцираше дека МВР има капацитет да спроведе мирни претседателски и парламентарни избори.

„Апсолутно. На почетокот од мандатот истакнав дека спроведувањето на европски избори е одраз на нашата зрелост како демократско општество. За мене и мојот тим тоа е доказ за нашата посветеност кон демократските вредности и нашиот напредок кон Европската Унија.  Затоа, сите наши напори се фокусирани кон спроведување на фер, слободни и демократски избори, по европски терк. Очекувам и работиме кон тоа, изборниот процес да биде транспарентен, фер и демократски, со целосно почитување на правата и слободите на граѓаните. Министерството за внатрешни работи е цврсто посветено на гарантирање на безбедна и мирна атмосфера за одржување на претседателските и парламентарните избори”, рече Бојмацалиев.

Додаде дека соработката со сите релевантни институции е од врвен приоритет.

„Соработката со Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупцијата, домашните и меѓународните набљудувачи и другите институции вклучени во изборниот процес е клучна и ќе продолжиме да работиме во координација со нив за да гарантираме дека сите аспекти на изборниот процес се спроведуваат во согласност со законот и демократските стандарди.

Со организацијата на локалните избори во 2017 и 2021 година, референдумот во 2018 година, претседателските избори во 2019 година и парламентарните избори во 2020 година беа поставени стандарди кои целиме да ги надминеме. Секако, ова го потврдувам и на средбите со амбасадорите кои ги одржувам во Министерството за внатрешни работи”, истакна Бојмацалиев.

Заменик министер даде уверување дека со одговорна и професионална работа, Министерството за внатрешни работи е способно да обезбеди услови за мирно и непречено одвивање на изборниот процес.

„Нашата главна цел е да овозможиме сите граѓани да го искористат своето право на гласање без страв и притисоци, без говор на омраза, лажни вести и дезинформации и секако вработените да не подлегнуваат на уцени и притисоци”, подвлече Бојмацалиев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи