ВИДЕО – Димитриевски: Ќе бидам претседател кој нема да има обврска кон политичките партии, туку кон граѓаните


Првично сакам да честитам за отворање на првиот промотивен штаб во Прилеп на движењето ЗНАМ – За наша Македонија, да посакам успех на престојните претседателски и парламентарни избори. Воедно од аспект што ќе направам, сакам да ја вратам власта на граѓаните, преку непосредниот избор на претседателот на државата граѓаните да имаат свој претседател, кој нема да има обврска кон политичките партии, туку главната негова обврска и преокупација ќе бидат граѓаните, истакна вечерва во Прилеп претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриески при отворањето на првиот промотивен штаб на движењето во Прилеп.


„И во рамки на своите уставни надлежности ќе се грижи за статусот на државата во меѓународната заедница, да отвора нови полиња за разговори, преговори и создавање на нови пријателства, засилување на стратешките пријателства. Дополнително да се грижи за суверенитетот и интегритетот со тоа што како врховен командант на државата ќе го подигне нивото на армијата и да учествува индиректно преку своите преставници во престојните реформи во делот на правосудството, бидејќи тука се неговите надлежности. Но она што е најбитно е Македонија да избере претседател и граѓаните да одлучат за претседател кој директно ќе ги преставува нив, а тоа е при секоја грешка на законодавниот дом, при носење на законите истите да ги врати назад на повторно разгледување доколку се спротивни на интересите на нашите граѓани.

Во оваа прилика сакам на сите кандидати кои ќе учествуваат на овие престојни претседателски избори да им честитам, да посакам фер плеј кампања, иако како оди постапката согласно законот не очекувам дека ќе биде, но знам како политичка партија ќе го даде својот максимум како една нова политичка сила во државата да се престави достоинствено, чесно и одговорно. Граѓаните ќе добијат можност да избираат овој пат и нетрадиционално да гласаат само против, туку за прв пат ќе имаат можност да се одлучат и ЗА. Верувам дека нивниот избор ќе биде движењето ЗНАМ и јас како кандидат за претседател на државата, а на крајот конечно тие го имаат последниот збор.

Јас ставам знам равенство и помеѓу политичките субјекти кои се менуваат, бидејќи ние имаме состојба каде што ДУИ е континуирано на власт, час ќе си го има за партнер ВМРО ДПМНЕ, од друга страна ќе си го земе СДСМ и тие му одат во прилог и контекст на ДУИ во континуитет. Досегашниот претседател Пендаровски не го видовме со ниту еден потег да се одважи и да покаже со прст, или па да промени одредена одлука на централната власт, што значи во континуитет се согласуваше со сите одлуки на централната власт, а сите тие одлуки досега беа апсолутно погубни и за граѓаните и за државата. Но ќе оставам на граѓаните да проценат и во делот на неговото делување, а и во делот на делувањето на власта, а тоа ќе го кажат на самите избори“, истакна Димитриевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи