Сакам да искоментирам неколку аспекти за хеликоптерите . Првата работа е дали воопшто Македонија во моментот има потреба од транспортни хеликоптери, значи за да знае јавноста се работи за хеликоптери кои ќе бидат за транспорт на персонал, не за борбени хеликоптери, така што одбрамбената готовност на Македонија и на Армијата со ова не се подобрува, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
„Второто прашање, веќе 250 милиони е, преку ноќ ја зголемија сумата за 20 милиони евра, како да се работи за 20 денари, а не за 20 милиони евра и треба одговорат зошто е тоа така, 250 милиони евра да се потрошат за хеликоптери мислам дека е едно расипништво. Во исто време ние кажуваме дека 250 милиони евра вкупно ќе спуштиме во сите општини во Република Македонија, само за ова да не ги трошат парите, за една година сите општини во Македонија ќе можат веќе да почнат со препород и решавање на децениските проблеми на граѓаните.
Следното за што должи министерката одговор во јавноста е како е возможно во веќе познат изборен период, распишани се и претседателски и парламентарни избори, да врши олку голема јавна набавка, која треба да ја плаќа следната влада, затоа што според условите на плаќање, плаќањето ќе оди од следната влада.
И финално, исто така клучно прашање на кое не добивме одговор е зошто и како баш оваа компанија, Леонардо од Италија е избрана, а не се избрани другите компании кои што конкурирале. Колку што имаме сознанија конкурирал француско-германски огромен конзорциум во делот на хеликоптери и авиони, конкурирале еден шведски производител и еден американски производител. Зошто е избран токму Леонардо?
Дали може причината за изборот на Леонардо е огромниот корупциски скандал кој беше прв корупциски скандал на Зоран Заев, а тоа е набавката на радарски систем од страна на компанијата Леонардо, кој според разговорите кои ги слушнавме во јавност чинел 1 милион евра повеќе од она што е реална и проценета вредност, за што тогашниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски заглави во затвор, е правосилно осуден? Така што решаваат да дадат ваква јавна набавка на компанија која што е во огромен скандал веќе во Македонија и тоа со непосреден договор, под државна тајна, без аукција, без да ги видиме понудите на сите останати.
Така што ова покажува едно расипништво, едно расипничко трошење, за сите овие работи одговорност ќе има после изборите, ние нема да ги оставиме така и на сите овие работи треба да се дадат одговори и доколку е прекршен законот да се одговара“, рече Николоски.