ВИДЕО – Јовчески: Прилеп добива нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески“, нов кружен тек и се асфалтираат 60 улици


Тука во централното градско подрачје како што гледате сме скоро во завршна фаза на изградбата на кружниот тек на вкрстување на улиците Кузман Јосифоски Питу и булеварот Гоце Делчев. Реалната ситуација со сообрајќајниот метеж тука на оваа раскрсница, одлучивме да ја решиме со најоптималното решение, истакна денеска градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

„Со овој кружен тек го продолжуваме таканаречениот отворен сообрајќај, низ центарот на градот и го ослободуваме и забрзуваме протокот на движење на сите учесници во сообрајќајот.  А оваа година како и наредната ќе продолжиме да ги решаваме овие сообрајќајни проблеми со кои се соочуваат моите сограѓани, со изградба на кружни текови на вкрстување и во населбата Димо Наредникот како и вкрстувањето на Булеварот Гоце Делчев со улицата Прилепски Бранители односно раскрсницата кај Градска. Исто така денес ќе направиме увид и во градежните активности каде што исто сме во завршна фаза, тоа е проектот за Рехабилитација на патната инфраструктура во општина Прилеп. Конкретно, се работи за нов асфалт на околу 60 улици и тоа улици на кои што се немало интервенирано повеќе од 30-40 години. Вкупната површина изнесува 80 000м2 или над 15 километри должина, за што сите наши сограѓани се благодарни затоа што интервениравме во многу населби во нашата општина а ветувам и дека така ќе продолжиме како во градот така и во населените места во општина Прилеп“, рече Јовчески.

Јовчески најави дека ООУ „Блаже Конески“ наскоро ќе добие нова спортска сала.

„Уште еден нов проект кој што денес го најавуваме и ќе направиме увид на почетните градежни активности е новата Спортска сала во рамките на Основното училиште Блаже Конески. Станува збор за повеќенаменско спортско игралиште во дворот на ООУ Блаже Конески, инвестиција од околу 23 милиони денари и инвестиција со која што ја продолжуваме нашата континуирана грижа во образованието на нашите деца и со што дефинитивно ќе ги подобриме условите за нивното физичко и здравствено образование и правилен раст и развој.  За крај сакам да испратам една покана до целата јавност во недела на 17 март да присуствувате на 22-то издание на Карневалот Прочка. Тоа е централниот настан, односно дефилето на околу 500 учесници во групните и поединечни маски кои што ќе го исполнат нашиот град и се надевам дека во одлична атмосфера ќе ја продолжиме оваа традиција на празникот Прочка и симболот на нашиот град прекрасниот Карневал“, додаде Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи