Започна асфалтирањето на локалниот пат Врбоец – Свето Митрани – Кривогаштани


Денеска започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува населените места Врбоец – Свето Митрани – Кривогаштани.

„Им благодарам најмногу на моите сограѓани кои имаа верба, трпение, но и ми даваа поддршка цел изминат период за да денес сите заедно испишиме уште една историја за нашите населени места, за нашето Крушево. Сугестиите и барањата од нашите сограѓани за нас се предизвик, работа и остарливост. Денес реализираме реални остварливи капитални проекти во интерес на нашите сограѓани после неколку децении или поточно после 43 години! Крушево се гради, променува и разубавува“, истакна градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи