ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.Р.(44) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 17.03.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле полуавтоматска пушка, два пиштоли, ловечка пушка со 30 куршуми и куршуми за пиштол.