На 14.03.2024 во 20.00 часот на пат за с.Беловодица – с.Царевиќ, полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола го лишиле од слобода В.С.(36) од Прилеп. При контрола на патничко возило „даеву” со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал биле пронајдени огревни дрва без документација.
Дрвата биле предадени на Шумска полиција, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.