Вкупно 337.000 пензионери в понеделник ќе добијат за 5.3% повисоки пензии

Вкупно 337.000 пензионери в понеделник ќе добијат за 5.3% повисоки пензии, пресметано според новата методологија.

Пресметките покажуваат дека зависно од групата пензионерите можат да очекуваат зголемување од 600 до 3.000 денари.

Најниската категорија пензии која се движи од 12.500 до 16.000 денари, во која спаѓаат 40% од пензионерите ќе добие зголемување на пензијата од  662 до 850 денари.

93.000 пензионери кои  земаат пензија од 20.000 до 32.000 денари, ќе добијат зголемување од 1060 до 1.696 денари.

Оние, пак, кои досега земаа пензија меѓу 30.000 и 50.000 денари, ќе добијат зголемување од 1590 до  2.650 денари, додека тие кои земаат пензија повисока од 54.000 денари ќе добијат зголемување од  околу 3.000 денари.

Новата методологија која стапи на сила во март 2022 година предвидува усогласување на пензиите со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата на сите вработени во државата и 50% пораст на трошоци на живот, согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика.

Усогласувањето се врши двапати во годината, односно во март и септември.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи