ВИДЕО – Во Прилеп одбележан 8 Април – меѓународен ден на Ромите


По повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април денеска на јарболот пред зградата на Општина Прилеп беше кренато ромското знаме. На свеченоста присуствуваа градоначалникот Борче Јовчески, претседателот на Совет и кандидат за пратеник Дејан Проданоски, кандидатот за пратеник Петар Ристески и претставници од ромската заедница.

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески истакна дека Ромската заедница за нас претставува нераскинлив дел од нашето мултиетничко, мултикултурно и мултирелигиско општество кое се темели на почитување на различностите.

Ромската заедница претставува нераскинлив дел од нашата заедница која се темели на почитување на различностите. Како Општина, градиме општество на рамноправни граѓани, на взаемно почитување, разбирање и еднаквост.

 Нашата локална самоуправа останува фокусирана на подобрување на квалитетот на условите за животот на сите граѓани:за квалитетно образование,за инклузија во сите сфери на општественото живеење, за подобри услови и интеграција на Ромитево заедницата, за подобрување на нивната социјална и економска состојба.

 За таа цел соработуваме со голем број домашни и странски донатори,невладини организации и здруженија , со кои имам реализирано низа проекти во ромската населба „Тризла“,а континуирано, преку локални проектиработиме и на подобрување напатната инфраструктура, водоводната и канализационата мрежа, подобрување науличното осветлување и подобрување на културно- забавниот и спортски живот на Ромите.

 Работиме на подобрување на интеграцијата на ромските деца во училиштата и детските градинки. Создаваме можност за поголема вклученост на ученицте Роми во средните стручни училишта…и верувам дека заедно можеме уште повеќе“, истакна градоначалникот Борче Јовчески.

Претставниците на ромската заедница истакнаа дека

„Денес по повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 април, бевме во кабинетот на градоначалникот Борче Јовчески и разговаравме за актуелните проблеми со кои се соочуваат Ромите. Општината пристапува кон реализирање и решавање на тие проблеми. Инфраструктурните проблеми се најголем проблем. Но дел по дел Општината се обидува да ги решава. Во иднина пред се треба државата системски да го решава проблемот со ромската заедница преку повеќе проекти кои треба да се реализираат во ромската заедница а со тоа би се подобрил квалитетот на живот  на ромите, би се интегруирале во системот, би имале подобра услуга во самите институции, но многу е важно државата да има желба да ги решава овие проблеми. Буквална дискриминација не чувствуваме дека има. Но во одредени ситуации има во приватни објекти, угостителски објекти, во институциите, во општината не чувствуваме дека има дискриминација. Ниту од градоначалникот се чувствува таква дискриминација, ниту од некој од секторите во самата Општина. Ниту во образовните институции нема дискриминација“, вели Алмир Сулејманоски, претставник на ромската заедница.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи