Доминација на македонските боксери Матеј Чатлески и Тоше Цветков на професионалната боксерка ревија во Скадар, Албанија


На 06 април во Скадар, Албанија, се одржа професионална боксерка ревија организирана од промотерот Нелсон Хиса. На овој настан учествуваа двајца наши боксери од Македонија.

Во борба од 4 рунди во лесно тешка категорија 17 годишниот Матеј Чатлески дебитираше против Стефан Марич од Р.Србија. Чатлески прикажа одлична борба со добра боксерска техника. Сите четири рунди беа со размена на удари од двете страни. Во втората рунда Марич доби нокдаун од Чатлески. На крајот со едногласна одлука на судиите победата му припадна на Матеј Чатлески.

Тоше Цветков во тешка категорија дебитираше против Анел Балич од БиХ. Во првата рунда Цветков беше доминантен и надмоќен над Балич. На крајот од првата рунда тренерот на Балич беше принуден да ја прекине борбата поради повреда. Со технички нокаут во првата рунда Цветков го победи Анел Балич.

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи