ВИДЕО – Една година постоење на единствениот женски камерен хор во Прилеп – Керамија


Драги гледачи со нас е Катерина Попоска, основач на засега единствениот женски камерен хор во Прилеп, со едно навистина едно интересно име, Керамија.

Попоска: Ви благодарам на поканата, добро ве најдов и вие добро не најдовте. Јас сум Катерина Попоска, основач на женскиот камерен хор Керамија од Прилеп. Работиме една година.

Токму поводот за нашиот разговор е едногодишното постоење на овој хор. Како што кажав имате едно навистина интересно име, Керамија. Што точно значи тоа еве за оние прилепчани, а и гледачите од цела Македонија кои не се запознати со овој термин?

Попоска: Пред да почнам со работа со женскиот хор, работев и претходно со хорови и решив дека сакам нешто свое да почнам. Истражував имиња, истажував делови од Прилеп, како би можело да биди, кој антички град, како е, зошто е и дојдов до името Керамија. Тоа е античка населба која што била кај денешен Заград, позади Маркови Кули и некако ми се совпадна самото име Керамија со мојата замисла да биди баш женски камерен хор. Можеби името и населбата не соодветствуваат едно со друго, но кај мене добро беше.

Исто така и логото е поврзано со антиката?

Попоска: Да, гледав да ги поврзам тие 2 нешта, меѓутоа не можев да најдам од тој дел баш дел што би прилегал на самото име, па затоа логото е наушница од предниот дел на Маркови Кули, близу црквата Свети Атанасиј во Варош, од 14 век, затоа што античкиот град Керамија не е доволно истражен и нема доволно детали. Замислата ми беше сепак да прилега на женско и затоа логото ми е женска наушница.

Еве малку историски податоци за тоа што е Керамија и каде бил лоциран, како што кажавме позади Марковите Кули од денешната локација на Прилеп. Како вие дојдовте до идеја на овој женски хор, како што претходно кажавте имате работено во други хорови, како се роди идејата токму за Керамија?

Попоска: Претходно како раководител, како диригент работев и во хор на просветни работници „Пере Тошев“ 4 години, од 2018 до 2022, а пред да појдам во тој хор работев и помагав во црковен хор. Замислата ми беше и сакав да одам напред, да напредувам и јас лично и хорот со кој би работела. Се повлеков од хорот каде што работев и решив дека треба да почнам да работа, да одам на малку повисоко ниво, без разлика на бројот на учесници, затоа е и камерен состав, не се расплинувам со учесници туку во помал состав за да можеме побрзо и понапред да одиме.

Како што кажав единствен засега женски камерен хор во Прилеп. Каков вид на музика интерпретирате?

Попоска: Нашите почетоци минатата година во јануари месец, зададов цел дека мора да почниме од некаде и почнавме од ТЕХО. Некако се погодија работите, тие славеја 50 години јубилеј.

Тоа е меѓународниот хорски фестивал во Тетово?

Попоска: Да. Како цел го зададовме ТЕХО, духовна и световна музика, почнавме со духовна музика, но не работиме исклучиво само духовна музика, имаме преработки од македонски староградски песни. Преработни од комерцијални хитови како од Аба, некои канони итн.

Освен на ТЕХО други настапи дали имате, концерти, во други градови дали имате настапувано?

Попоска: После ТЕХО исто така бевме поканети на фестивал за камерни хорови во Штип, Астибо, тоа беше септември минатата година. Потоа со божиќни композиции настапивме во Битола на Зимската приказна, знаеме дека битолчани се малку поажурни во тој дел од аспект на културата. Потоа настапивме и во Прилеп под Саатот пред Нова Година, на Божиќниот базар, а настапивме исто со божиќни композиции во Шумски фенери на традиционалниот базар кој го имаат, не‘ поканија и им беше мило што ја прифативме нивната понуда. Други планови кои ни се, годинава здравје, сакаме исто така да одиме на ТЕХО и оваа година, планирано е да се направи и годишен концерт со надеж да поканиме гости било хористи од Прилеп, било од надвор, да одбележиме една година постоење на хорот.

Дали можеби се размислува и за некаков албум во иднина?

Попоска: Да, здравје, ако имаме можност зошто да не. Рано е, меѓутоа пополека, подалеку.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи