ВИДЕО – Николоски: Прашањето не е дали ВМРО-ДПМНЕ и Давкова ќе победат туку со колку, затоа е потребна масовна излезност


На ова мора да ставиме крај и најдобриот начин да ставиме крај на оваа работа е масовна излезност и на 24 април и на 8 мај. Клучна е масовна, референдумска излезност затоа што никој не прашува дали ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, прашањето е како и со колку ќе победи, истакна вечерва во с. Беровци, носителот на листа за пратеници во ИЕ 4, од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

„Никој не прашува дали Гордана Силјановска Дафкова ќе победи, прашањето е само со колку ќе победи. Има бројни таканаречени сценаристи кои размислуваат на разни сценарија, едно од главните е да го бојкотираат вториот круг на избори со цел изборите да не успееле. Најдобар начин да се спротивставиме на таа работа е масовна излезност на 24 април, 6 цифрена разлика, над 100.000 гласа разлика за Гордана Силјановска Дафкова, како би можеле да ги демотивираме сите оние кои размислуваат на оваа опција. Затоа е битно да се мобилизираме сите и да излеземе на гласање. Втората работа која сакам да ја кажам за Стево Пендаровски, обожава себе си да се претставува и да се портретира како чесен, скромен, човек без скандали, обично тоа се работи кои другите треба да ги кажуваат за вас, ама кај Стево самиот ги кажува за себе, може да видите дека држи говори и промо видеа каде вели дека јас сум чесен човек, немам ниту една афера, ниту еден криминал итн“, рече Николоски.

Николоски потенцираше дека иако кампањата веќе била влезена влезе во втората недела Пендаровски одбегнувал да му ги одговори 3 прашања што тој постојано ги поставувал.

„Трите прашања кои му ги поставувам се следните:

  • Прво, ако е толку чесен, зошто го потпиша Законот за измени на кривичниот законик со кој се направи амнестија на криминалците?
  • Второ, каков е тој чесен претседател кој збор не кажал за ниту една крими афера која се случува во државата, за ниту една крими афера во Македонија која ја обзнанувала ВМРО ДПМНЕ збор нема кажано, „А“ нема кажано?
  • И третата работа, каков е тој чесен претседател кој дозволува кампањата да му биде финансирана од крадени ваши, народни пари, главно преку тендери од РЕК Битола, кој е на 50-тина километри од овде 

Ова се трите прашања кои ги поставувам на секој јавен собир, ги поставувам и вечерва и му давам шанса на Стево Пендаровски да одговори на истите доколку е навистина така чесен како што тврди, но очигледно не е, па еве Стево повели уште еднаш да те замолам да ги одговориш овие прашања. Можеш после лично да ме навредуваш, знам дека обожава тоа да го прави, и мене и Силјановска Дафкова, Мицковски не‘ навредува, но откако ќе заврши со една тура навреди мислам дека е фер да одговори на овие прашања, затоа што во политика луѓето прашуваат, овие прашања јас не сум ги измислил, народот ги кажал кај мене за јас да ги поставам во јавност, јас ги поставувам и мислам дека треба да ги одговори Стево Пендаровски“, додаде Николоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи