ВИДЕО – Проданоски: Македонија да стане горда членка на ЕУ, ослободена од предавничките договори


Убеден сум како човек и по она што нудиме како квалитет и предлог за овие избори е тоа дека професорката Гордана Силјановска Давкова ќе биде идниот претседател на Република Македонија. Барам од вас да дадете додадена вредност, гледате дека сите анкети одат во насока дека ВМРО ДПМНЕ е следниот двоен победник на претстојните прво претседателски на 24 април и втор круг на 8 мај, и на 8 мај и парламентарни избори на кои собраниското мнозинство ќе го има ВМРО ДПМНЕ, истакна вечерва во прилепското село Беровци кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски.

„Се надевам дека тоа ќе биде апсолутно мнозинство, повеќе од 61 пратеник и дека новата влада предводена од нашиот претседател, професор доктор Христијан Мицковски ќе биде влада која ќе биде запаметена на овие простори и оваа наша држава, иако намачена, напатена, оптоварена на товарот на криминалот и корупцијата конечно ќе најде сила да се избори да заврши злото претставено преку ДУИ и СДСМ и дека конечно македонска влада ќе управува со оваа држава. И како заеднички успех на сите нас, на сите граѓани на Република Македонија ќе биде тоа да ние сите се почувствуваме гордо што сме жители и граѓани на оваа држава, дека Македонија ќе си го фати патот како што одговара, како центар на Балканот дека во иднина ќе бидеме горда членка на ЕУ, ослободена од овие досегашни предавнички договори кои беа склучени, ослободена од предизвикот да прифаќа се‘ што бараат нејзините соседи за да го продолжи европскиот пат“, кажа Проданоски.

Проданоски рече дека е убеден сум дека идната влада и идниот претседател ќе застанат на браникот како и досега.

„Сите бевме сомничави дека со овој парламентарен состав може да ни се повтори сценарио што ни се случуваше пред 2017 година, но за таа сметка нашите пратеници 44 на број докажаа и покажаа заедно со партиското раководство дека ВМРО ДПМНЕ било, е и ќе биде на браникот на татковината, односно на браникот на она што значи македонско, национален идентитет, јазик, култура и се‘ она што низ вековите наназад се создавало на овие простори. Како земја која што располага со сите природни ресурси, посебно за нашиот пелагонискиот крај, минерални суровини, плодна почва, сонце и вода, недозволиво беше овие 30 години, иако во дадени моменти имавме сериозен подем, последниве 7 години живееме во време кога се‘ она што беше направено, секој систем што беше направен да функционира беше растурен. Убеден сум дека лошото време за Македонија заврши, ВМРО ДПМНЕ секогаш нудела решение, од ВМРО ДПМНЕ секогаш се очекувале позитивни политики, се очекувале позитивни трендови, се очекувало поправање на се‘ она што не чини. Не сакам многу да должам, но уште еднаш ја користам приликава пред вас сите да побарам поддршка, спомнам преходно дека сите мерења на јавното мислење  одат на патот дека ВМРО ДПМНЕ ќе ја претставува државата во иднина во наредниот 4 годишен период“, додаде Проданоски.

Проданоски го повика носителот на ИЕ 4, Александар Николовски, да посвети посебно внимание за Прилеп.

„Како претставник и на локалната самоуправа, односно претседател на Советот, можам да кажам дека иако се соочувавме со сериозни предизвици во овие 2 години мандат колку што ги имавме, направивме максимум од она што беше и што можеше да се направи во овој период. Ресурсите се толку, општинската каса беше испразнета, но за сметка на тоа со поддршка на градоначалникот и со неговата упорност направивме максимум од тоа што можеше да се исцрпи. Грешки имало и ќе има и во иднина, но секогаш кога ВМРО ДПМНЕ  предводи како локална, така и централна власт грешките се минимални, кој работи велат и греши, но секогаш се работи во интерес на македонскиот народ. Посакувам во иднина и еве го задолжувам и со ова сакам да го поздравам потпретседателот и носителот во изборната единица број 4, се надевам и иден функционер во владата на Република Македонија, господинот Александар Николовски да обрне посебно внимание за Прилеп, за Пелагонија и за цела Република Македонија, да не‘ направат сите горди што сме жители на оваа држава“, изјави Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи