ВИДЕО – Талевски: Со исплатените субвенции постигната историски највисока откупна цена на тутунот


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија држи до дадениот збор. Во тоа вчера се уверија над 14.300 тутунопроизводители, на чии сметки легнаа парите од субвенциите за минатогодишната реколта во висина од една и пол милијарда денари, изјави на денешната прес конференција Миле Талевски – пратеник во Собранието на Македонија.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„Нашите заложби тутунарот да биде награден за својот труд а неговата мака соодветно платена, целосно се реализирани.

Потврда за тоа се навремено и целосно откупените 14.763 тони тутун од ланската реколта, до последниот лист. Притоа, постигната е просечна откупна цена од рекордни 365 денари по килограм, што заедно со субвенциите од 100 денари, ги дава историски највисоките 465 денари по килограм предаден тутун.

Кажаните бројки се факти, а пред фактите молчат и боговите!

Времињата кога откупот на тутунот и исплатата на субвенциите се вршеше според списоци скроени во штабовите на ДПМНЕ, се зад нас.

Владата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија покажа дека достоинството на тутунопроизводителот може да се врати само само со чесен, рамноправен и неселективен пристап во вреднувањето на “жолтото злато“.

Тутунопроизводството е стратешка земјоделска гранка која на државата и’ носи девизен прилив од околу 120 милиони евра. Од тие причини, ниту еден тутунопроизводител не треба да има дилема дека тутунопроизводството високо ќе котира на агендата и на следната Влада предводена од СДСМ.

Во таа насока, од оваа година сите тутунопроизводители, без исклучок, за прв пат ќе добиваат “зелена нафта“ од 12.000 денари за хектар.

Почитувани тутунари, нека се аирлија чесно и со мака заработените пари“, рече Талевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи