ВИДЕО – Стевананџија: Реконструирано „крушевско џаде“, Владата на СДСМ прави за Прилеп повеќе отколку градоначалникот Јовчески


Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги исполнува ветувањата! Со средства на Министерството за транспорт и врски во висина од 1 милион евра, комплетно е реконструирана улицата „Леце Котески“ во должина од 2 км. Со тоа Прилеп доби современа сообраќајница, која значително ја подигнува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Истовремено, со реконструкцијата на популарното „крушевско џаде“ се подобрува и комуникацијата со жителите од соседните општини Кривогаштани и Крушево, истакна денеска Кети Стевананџија, член на Извршниот одбор на СДСМ – Прилеп.

 „На тој начин, со реализацијата на само еден проект, Владата на СДСМ направи за Прилеп повеќе отколку локалната власт на ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески за изминатите 30 месеци.

Општа е констатацијата дека иако во досегашниот мандат Јовчески и ДПМНЕ потрошија над 50 милиони евра буџетски средства, немаат знаење и капацитет да ги решаваат проблемите на прилепчани. И не само тоа, туку прилепските локални власти не ги бидува да изработат проекти за кои ќе побараат финансирање од владините институции. 

Со издвоените средства за реконструкција на „Леце Котески“, Владата на СДСМ на дело го покажа неселективниот пристап во давањето поддршка на општинските власти и локалните институции, без разлика на која политичка провиниенција и’ припаѓаат.

Во изминатите 7 години, само во прилепскиот регион Владата инвестираше преку 70 милиони евра, со што покажа како треба да се однесува секоја одговорна власт.

Ќе потсетиме дека во овој период беа изградени или реконструирани патот Прилеп – Прилепско езеро, Лагово – Витолиште, Гимназијата „Мирче Ацев“, Медицинското училиште „Ѓорче Петров“, клучката кај ТИРЗ „Прилеп“, ИКТ Центарот, патот Волково – Прилепец – манастир „Свети Никола“, новата спортска сала во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“, проектот „Пашоски ливади“, одобрени беа средства за ЈКП „Комуналец“ за изградба на фабрика за рециклирање отпад, како и огромен број инфраструктурни и други проекти од интерес на граѓаните на општина Прилеп.

Така Владата на СДСМ ја практикуваше власта од 2017-та година до денес. На истиот начин – одговорно, отчетно и со легитимитет добиен од граѓаните, почнувајќи од 9 мај, Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе работи и во следните 4 години“, рече Стевананџија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи