Прилепските боксери се претставија одлично на првото коло од бокс лигата на Македонија


Денеска се одржа првото коло од бокс лигата на Македонија во организација на Националната Боксерска Федерација. Од Боксерскиот Клуб „АС“ од Прилеп пријавени беа четири боксери.

Категорија кадети:

– 60 кг. Димитар Талимче

Категорија јуниори :

– 54 кг. Џастин Демироски

– 63 кг. Влатко Димески

Категорија сениори :

– 75 кг. Николче Жигошански.

Талимче на ова коло немаше борба. Дебитантот Демироски загуби од Ајрушов од БК „Фам Демирови“ Штип. Влатко Димески победи со технички нокаут во првата рунда против Андреј Јанески од БК „Пелистерски Јунак“ Битола. Николче Житошански победи со технички нокаут во првата рунда против Стефан Цингаровски од БК „Иниверзаци“ Скопје.

Од нашиот тим сме задоволни од настапот на нашите боксери. Докажавме дека сме клуб на боксерски град,, а нашите спортисти да прават успеси. Одиме на првото место во бокс лигата на Македонија, истакна тренерот Дарко Четлески.

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи